Македонија
2. November 2017 - 14:19

Кражба во Хрватската резиденција во Скопје

Во Хрватската резиденција на улицата „Тодор Александров“ во Скопје извршена е кражба, но засега не се знае што е одземено.

Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Центар од страна на Хрватската амбасада во Македонија.

Во денешниот полициски билтен се наведува дека кражбата е извршена со употреба на подесен клуч, калауз при што е отворена влезната врата на резиденцијата, влезено е внатре и извршено е претурање, но не се знае што е одземено.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.