Македонија
27. October 2015 - 13:24

Кражба во битолско - Еве што се случило

Вчера во населбата Горно Оризари-битолско непознат сторител влегол во помошна просторија од куќа сопственост на Б.Т.(49) и извршил кражба при што одзел ловна пушка „Бенели“ калибар 12 мм по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 60.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.