Кратовец чувал дрога во станот на девојката, пронајден кокаин и над 100 таблети MDMA
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кратово, со престојувалиште во Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 26-годишник, во станот во кој престојувала неговата девојка на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, неовластено заради продажба држел вкупно 115 таблети 3,4 – метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и 10 полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6,21 грама. Дрогата и психотропната супстанција биле пронајдени при претрес на домот, а притоа била одземена и една дигитална вага и еден нож со остатоци од кокаин, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
