-->
-->
Краток македонско-турски филм на фестивал во Бразил
-->
Турско-македонскиот краткометражен филм „The Woman in Purple“ во режија на Александра Кардалевска и Онур Озџан ќе биде прикажан на фестивалот MAC Horror Film Festival во бразилскиот град Манаус.
Филмот е копродукција помеѓу Ade Due Damballa од Турција и Quasar film од Македонија и е снимен минатата година во Истанбул.
- Раскажува за филмска екипа која почнува да снима документарен филм „The Woman in Purple“ кој го истражува зголеменото насилство врз жената во Турција. Ловејќи приказна на жртва од семејно насилство, самите членови на екипата стануваат жртви уловени од приказната, соопшти македонскиот продуцент.
Директор на фотографија е Душан Кардалевски, а монтажата ја изработи Блаже Дулев. Оригиналната музика е на групата „Љубојна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер