Краткометражниот филм „Последните камбани“ на фестивал во Монтреал

Краткометражниот филм „Последните камбани“ работен по сценарио и во режија на Никола Поповски ќе биде прикажан на 41. издание на „Монтреал ворлд филм фестивал“, кој се одржува во Канада.
Филмот е селектиран во рамки на светската натпреварувачка селекција за кратки филмови, а неговата проекцијата е на 28. август.
Продукцијата на „Последните камбани“ е на „ДНФ филмс“, а остварувањето е поддржано од агенцијата за филм на Република Македонија. Актерот Мето Јовановски ја игра главната улога. Директор на фотографија е Фејми Даут, а актерската екипа ја сочинуваат и Сања Николовска Најдовска и Виктор Најдовски.
За режисерот Поповски, да се биде дел од фестивал со четириесет годишна историја, и тоа во натпреварувачка програма на кратки филмови, претставува чест, но и одговорност да се продолжи традицијата на културолошкиот квалитет, разновидност, независност и креативност кои тој ги нуди.
Продуцентот Гоце Кралевски објаснува дека филмот ќе биде прикажан и на 23. издание на Меѓународниот фестивал за кратки филмови во Драма, Грција, кој се одржува од 18. до 23. септември.
- Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села, Љубојно и Брајчино, каде се снимаше минатата година, играат важна улога и тие како да се дел од карактерите. Се надевам дека токму ова ќе успее да ги плени филмските сладокусци низ светските фестивали, рече Кралевски.
„Последните камбани“ е остварување кое говори за осаменоста и соочувањето со неа и ја носи приказната за еден старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село.
Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
