Македонија
23. March 2019 - 19:09

Кратко траеше воздржаноста, аналитичарите допрва очекуваат да се покажат партиските кујни

 

Позитивна кампања со промоција на идеи поради професорксиот профил на Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река излезе со краток здив.

На една недела пред официјалниот почеток на кампањата  за претстојните избори станува јасно дека и овој пат, покрај промоцијата на програма ќе гледаме и детали од приватиот живот на кандидатите.

Политичките аналитичари велат дека покрај тоа што носители на кампањата ќе бидат самите кандидати, клучна ќе биде и партиската машинерија.

Кржаловски очекува стандардна кампања преку митинзи и средби на граѓани, но според него интересот на грѓаните за овие настани ќе биде далеку помал од претходните изборни циклуси.

Екеперите за нови медиуми пак велат, дека активноста на кандидатите на социјалните мрежи исто така ќе биде една од повлијателните во мобилизирањето на гласачите. Засега ниту еден од кандидатите нема платена реклама на Фејсбук, но јасно е дека активност има.

Кордалов очекува деа токму валканиот дел од кампањата ќе се случува на интернет, но предупредува дека тоа не треба да биде целта на една кампања.

Кампањата за претседателските избори почнува на 1 април. Од државната изборна комисија предупредупредија до тогаш партиите и кандидатите да се воздржуваат од активности. Побараа мирна, позитвна и европска кампања. Политичките претставници тоа и го ветија.