Бизнис
4. September 2019 - 16:28

Кратењето на пари од капитални инвестиции не е изненадување на експертите, бараат оваа пракса да запре

Пред Нова година во еуфорија бројките за капиталните инветсиции се билдаат. Тоа се прави намерно, за во текот на годината Владата да има од кај да земе пари во случај да и треба за некоја нова ставка. Експертите со став дека кратењето на парите за капитални инветсиции не е изненадување, туку редовна практика.

Ребалансот објавен вчера најмногу крати од МОН и во делот на железницата. За Сугарески, во парите на Министертсвто за транспорт не се чепка, туку се одложува корстењето на пари од кредит.

За власта пак, кратењето од капиталните со цел да се имплементираат мерки како таа за субвенционирање на повисоките плати е позитивна работа. Владата предвиде нова мерка со која за покачените плати до 100 евра, државата ќе ги плаќа придонесите.

За експерите оваа мерка е добра затоа што пред се ќе значи искоренување на плаќањето плати на рака.

Експерите од Фајнанс тинк пак сметаат дека мерката оди во правец на сузбивање на сивата економија, но треба да се допрецизира. Сумите што ќе ги субвенционира буџетот за придонесите постепено, секоја година да се намалуваат, а субвенционирањето да се ограничи само на плати до 24.000 денари.