Балкан
17. јуни 2016 - 10:47

Красниќи ја обвини власта за манипулација со списокот на ветерани

Претседателот на Националниот совет на Иницијативата за Косово,и екс претседател на косовскиот парламент,Јакуп Краниќи,ги обвини партиите на власт за манипулација на списокот на ветерани.

- Се манипулира со списокот на ветерани од ОВК.Загрижен сум зашто со овој толку голем број ветерани земјата може да оди во стечај,-изјавил Красниќи за Трибуна чанел.

На прашањето за бројот на припадниците на ОВК  кои учествувале војната,Красниќи рекол дека бројот може да биде од 15 до 20 илјади.

Тој се задржал и на прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора,искажувајќи задоволство што „има силни гласови и во редовите на владејачкото мнозинство што сметаат дека договорот за демаркацијата е штетен за земјата“