Балкан
20. April 2016 - 13:53

Красниќи: Избори на Косово во 2018

Потпретседателот на Демократската партија на Косово (ПДК), Јакуп Красниќи во врска со барањето на косовската опозиција за одржување на вонредните избори, изјави дека следните парламентарни избори ќе бидат одржани во 2018 година.

По состанокот со раководството на партијата, Красниќи изјави дека не постои причина за одржување предвремени избори, бидејќи како што оцени коалицијата на ПДК со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) е стабилна и има мнозинство во Парламентот.