Красниќи бара дијалогот со Србија да се прекине

Поранешниот претседател на косовскиот парламент и актуелен претседател на Националниот совет на партијата Иницијатива за Косово, Јакуп Красниќи, побара да се прекине дијалогот во Брисел, меѓу Косово и Србија.
Во интервјуто за „Епоха е ре“ тој оценува дека овој дијалог претставува споменик на срамот и оти оние кои го водат овој процес треба да се повлечат, бидејќи на Србија и понудиле наклонетост и поддршка и го загрозиле суверениетот на косовската држава.
- Владината коалиција треба да се откаже од постигнатите спогодби во Брисел, како и од спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, која е доставена на ратификација во парламентот. Иницијативата за Косово ќе биде уште посилна и во актуелниот миг е фокусирана за смена на власта, изјави Красниќи.
Тој отфрли било каква можност за коалиција со Демократската партија, додавајќи дека единствено ќе коалицираат само со опозициските партии.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
