Крамп-Каренбауер разговараше со Столтенберг за кризата во Заливот

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер денеска изјави дека нејзината земја се уште нема донесено финална одлука за барањето на САД да земат учество во мисијата за обезбедување на комерцијалните бродови во Ормутскиот теснец, но нагласи дека тоа ќе го сторат многу брзо, јави ДПА
-Ние ги разгледуваме овие барања во тесна соработка со Велика Британија и Франција, изјави Крамп-Каренбауер по средбата со генералниот секретар на НАСТО, Јенс Столтенберг во Брисел.
Но оваа германска политичарка, која се смета за главен наследник на Ангела Меркел, истакна дека за разлика од САД, Германија и другите европски држави сакаат да се држат до нуклеарниот договор со Иран.
-Берлин е подготвен на се’ за да се постигне дипломатско и мирно решение на конфликтот со Иран и да го види договорот, со кој Техеран треба да се спречи да добие нуклеарно оружје, рече таа.
Велика Британија и САД сакаат да создадат мисија за заштита од идни напади на Иран врз танкерите со нафта, откако Техеран кон средината на јули во Ормутскиот теснец го заплени британскиот танкер Стена Имперо и бродот под панамско знаме МТ Раих.
Ново на Сител
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
