Крај за евтините пратки од Кина: ЕУ воведува царини за Тему, Шеин и Али Експрес

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираа измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра.
Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година.
Тоа во пракса ќе значи дека по усвојувањето на измените жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија Тему, Шеин или Али Експрес ќе мора да плаќаат царини согласно утврдените царински давачки што важат за сите стоки што се увезуваат во Унијата.
Сега за пакети на производи во вкупна вредност до 150 евра нарачани преку кинеските онлајн продавници, жителите на ЕУ не плаќаат царини.
Првично беше предвидено ова правило да биде укинато по стапувањето во функција на Царинскиот центар на ЕУ. Станува збор централизирана платформа на ЕУ за интеракција на царинските управи на земјите членки и за зајакнување на контролите на увозот на стоки, која се очекува да стане оперативна во 2028 година во рамки на пошироката реформа на Царинската рамка на ЕУ.
Во образложението на Советот за предлагање на измените на правилото за наплата на царини се наведува дека на овој начин ЕУ има за цел да создаде „еднакви услови“ за работа помеѓу странските и европските онлајн трговци на мало.
Според податоците на Европската комисија, во 2024 година 65 проценти од 4,6-те милијарди пратки што влегле во ЕУ биле ослободени од царински давачки, при што дури 91 отсто од нив отпаѓале на стоки од Кина нарачани преку сајтовите за е-трговија.
Европските трговци тврдат дека ваквата пракса им создава проблем со нелојалната конкуренција, а дополнително покренува и загриженост за заштитата на животната средина.
МИА
Ново на Сител
-

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
-

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
