Тенис
17. August 2017 - 8:22

Крај на сезоната за Нишикори

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори поради повреда објави дека повеќе нема да настапува до крајот на сезоната.
 
Нишикори, деветти на АТП листата, се повлече од Мастерсот во Синсинати, а дополнителните прегледи покажале дека една тетива на раката на десниот зглоб е оштетена.
 
„Кеи ќе се полече од сите турнири до крајот на годината и ќе работи напорно за да биде максимално подготвен за наредната сезона“, се наведува во соопштението кое до медиумите го испрати тимот на Нишикори.
 
Јапонецот е третиот играч од првите десет на АТП листата, по Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка, кој објави крај на сезоната.