Крај на љубовта помеѓу мигрантката Нора од Ирак и Боби од Куманово
Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак, речиси немаше некој кој не веруваше во тоа дека нивната љубовна прикзана е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за нив, за љубовата која се случила на Табановце, во транзит центарот,за тоа дека Нора од муслиманка стана православна, иако родителите не го одобруваа тоа. Прикзна за која долго се зборуваше.
Сепка, на љубовта и дојде крајот. Партот се раздели, а пред само една година им се роди синот. Нора заминала за Ирак, Боби е тука во Куманово.
„Со Нора не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак. Јас сум тука . Толку ќе кажам. Ние ги знаеме причините и остануваат такви кави што се “, изјавил Боби за „Фокус“.
Тој не сакал да одговори каде е нивниот син, дали заминал со неговата мајка, или е тука во Македонија.
Пред заминувањето, Нора за јавноста изјави дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега била побезбедна, и таа сакала да им помага на беглаците во нејзината земја.
За потсетување, Нора Ирак го напуштила со семејството бидејќи ИСИС го зел нејзиниот татко и морале да платат многу пари за да биде ослободен. Исплашени од состојбата во нивната земја, тргнале за Германија. Но, во транзитниот центар Табановце го запознала Боби, во кого за кратко време се вљубила. Набргу потоа тие направија свадба, а Нора стана православна.
Ново на Сител
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
