Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителот и другарите, но не ги погодил. Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во с. Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во с. Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П.. Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.
При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда. Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола и по насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот, сооопшти МВР.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
