Македонија
15. September 2015 - 12:56

Крадец од Прилеп падна во рацете на полицијата

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против прилепчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 25.08.2015 година од страна на полициски службеници е направен обид да се сопре комбе марка „Форд“ кое се движело на локалниот пат Вештачко езеро – Прилеп, а го управувал пријавениот кој  подоцна го оставил возилото и избегал. По преземени мерки пријавениот е пронајден, извршен е увид на лице место, а  во возилото се пронајдени 1,4 м3 огревно дрво .