-->
-->
Крадец на Божик се покајал и се предал на полицијата
-->
Две години откако ограби пекарница во германскиот град Ицехое, младото момче имало голема грижа на совест, поради што се пријавило во полиција.
Потпаролката на полицијата Мерли Нуфелд изјави дека човекот одллучил да влезе во новата година со добра намера и без дамки на совеста.
Тој ограбил пекарница во февруари 2014 година кога имал 18 години. Никогаш не е уапсен, а парите ги потрошил на дрога.
На Божик, сепак, грижата на совест станала преголема тежина и одлучил да се пријави. Полицијата дотогаш немала сознанија дека тој е виновникот.
Така, момчето во 2016 година ќе влезе со мирна совест и со обвинение за вооружен грабеж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите