Кошарка
11. October 2015 - 11:14

Кожув подобар од Работнички на стартот на новото првенство

Екипата на Кожув го совлада Работнички со 88:67 на отворањето на новата сезона во мак-баскетот и на тој начин му се реваншира на најтрофејниот македонски клуб за високиот пораз во Супер купот.
 
На вториот синоќешен дуел од 1.колово Првата лига Карпош Соколи – Бест 113:62.
 
Денеска бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Струмица.
 
Почетокот на овој натпревар е од 19 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Првото коло ќе биде комплетирано во вторник со средбата Фени Индустри – Куманово.