Бизнис
12. September 2020 - 16:43

Ковид-возраст го покажува ризикот за зараза од корона

Здрава жена на возраст од 40 години и со нормална тежина има Ковид возраст од 35 години и е ниско ризична работничка. Но, маж на 45 години со зголемена тежина и тешка астма има Ковид возраст од 53 години и веќе е работник со среден ризик. Ковид возраста се пресметува на тој начин што на биолошката возраст на работникот  се додаваат дополнителни години кои се однеусваат на определана болест и телесната тежина.

Институтот за јавно здравје заедно со Здружението за заштита при работа изработија методологија според која работодавачите можат да го проценат ризикот за своите работници и соодветно на тоа и сопствената фирма. Методологијата дава прецизни препораки да газдите за поголема заштита од вирусот.

Најризчни работниците се здравстевните кои работат со ковид пациенти. Високи ризични се исто така медицинарите од примарната здравствена заштита. Работници со среден ризик се оние во услужните и сервисните дејности како и наставниците и други чија работа бара контакт со широка популација. Работни места со низк ризик се оние каде нема контакти.

Но, методологијата покажува дека најважни се мерките за заштита кои ги презема фирмата. Па така, сестра во инфективно одделение која работи според сите стандарди е помалку ризична од продавачка во маалска продавница која не носи маска. 

Со оглед на тоа дека следните месеци ќе бидат тешки, експеритте препорачуваат инспекциите засилено да проверуваат дали работодавачите ги почитуваат протоколите со цел да се намали ризикот од пренос на вирусот.