КОВИД-19 статистика: Вториот пик донесе двојно повеќе жртви
За прв пат по 25 мај во Македонија поминува ден во кој статистиката на Министерството за здравство не регистрира смртни случаи предизвикани како последица на корона вирусот. Тоа е вкупно деветти ден без жртви од почетокот на април.
Во текот на вчерашниот ден 1636 тестирања дале 163 позитивни резултати, што значи дека секој десетти тест бил позитивен. Најголемиот дел од новите случаи, 52 се регистрирани во Скопје. Штип со нови 33 случаи станува ново жариште на истокот, а 21 случај е регистриран во Куманово.
Според статистиката на Министерството за здравство од почетокот на кризата до сега починале 432 пациенти. Најголемиот број смртни случаи, 169 се регистрирани во јуни, а во 21 ден од јули има 130 случаи.
Министерството за здравство вчера информираше дека близу 63 илјади граѓани ја преземале апликацијата стоп корона но таа не помогнала да се открие ниту еден позитивен случај на КОВИД19.
Инаку во текот на вчерашниот ден, полицијата напишала вкупно 432 казни за непочитување на мерката за носење на заштитна маска. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк