ОН: Ковид-19 пандемијата може да се пролонгира поради нееднаквата дистрибуција на вакцините низ светот
Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од шест милиони смртни случаи, а безброј луѓе се борат со влошено менталното здравје“, изјави Гутереш.
Тој оцени дека благодарение на спроведените мерки и извонредно брзиот развој и дистрибуцијата на вакцините, во многу делови на светот болеста е ставена под контрола, но истовремено предупредува дека може да се направи голема грешка доколку се смета дека пандемијата е завршена.
Гутереш ја критикуваше, оценувајќи ја „скандалозна“, нееднаквоста при распределбата на вакцините, притоа посочувајќи дека при производство на 1,5 милијарди дози вакцина месечно „речиси три милијарди луѓе сè уште ја чекаат својата прва вакцина“.
„Овој неуспех е директен резултат на политичките и буџетските одлуки кои даваат приоритет на здравјето на луѓето во богатите земји пред здравјето на луѓето во сиромашните земји“, рече Гутереш.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски