-->
-->
Ковид-19: Европа ја надмина Азија по бројот на смртни случаи
-->
Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот го надмина психолошкиот праг од 200 илјади случаи, и денеска тој изнесува 204.732.
Вирусот досега погоди 170 држаи и територии во светот, при што бројот на смртни случаи се искачи на 8270 жртви.
Европа денеска ја надмина Азија според бројот на смртни случаи, каде се евидентирани 3434, додека во Азија таа бројка изнесува 3384.
Италија е најтешко погодена земја во Европа, и втора во светот според бројот на заразени. Во Италија има 31.506 заболени и над 2500 смртни случаи. Критично е и во Шпанија, со 13.910 заразени и 623 смртни случаи.
На светско ниво, досега се излекувани 82.872 пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари