Ковачки: Со објавувањето на класифицираната мапа, Шекеринска направи кривично дело против воениот систем на Македонија

Радмила Шекеринска направи кривично дело казниво со затвор и изврши класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на интернет на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски батаљон, мапа која открива дел од позициите на тој батаљон, вели Драган Ковачки, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.
– Оваа мапа која е прикажана на Фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост, појасни Ковачки.
Тој вели дека мапата се уште стои на Фејсбук страницата и покрај неговото инсистирање кон министерката да се отстрани мапата, поради тоа што станува збор за кривично дело казниво со казна затвор, таа сеуште стои.
Ковачки истакна дека не само што не смеете во оваа просторија каде што е мапата да внесувате фото и фоно уреди, а камо ли да ја сликате, да ја изнесете и да ја објавите во јавност доверливата мапа.
Било кој да го направи истото ќе му биде покрената дисциплинска постапка, и ќе му биде одземен безбедносниот сертификат и ќе му биде покрената кривична постапка, без разлика дали станува збор за министер сите ние мора да ги почитуваме законите, вели Ковачки.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
