Ковачки: Ковачевски да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд
Најпрвин лажеше дека не бил во војска затоа што бил на школување.
Откако беше фатен во лага и во јавноста излезе документ од кој јасно се гледа дека премиерот бил трајно неспособен за воен рок и за одбрана на својата земја во 2001 година, истиот 11 дена бегаше и не даваше одговори.
Конечно, истиот пред 2 дена се охрабри и на говорница јавно призна дека тим од лекари во 2000 година утврдиле дека бил трајно неспособен за одбрана на државата во 2001 година.
Од причини што трајната неспособност законски е дефинирана според следното: “доколку наодите и функциите на органските системи на органите и сетилата за подолго време НЕ Задоволуваат, а се оценети со оценка 1, како и во случаите кога е предложена оцена “ограничен за воена служба” по повеќе основи истовремено, и тоа поради намалени функции на сетилата за вид и слух, и душевна запоставеност на граница на нормалното”, а имајќи во предвид дека оваа состојба е трајна и истата може само да прогресира и не може да биде отстранета, како и фактот дека премиерот Ковачевски јавно од говорница изјави дека секогаш бил чесен кон граѓаните, го повикуваме да ја покаже таа чесност и да доброволно дозволи неговата ДЕЛОВНА способност да биде утврдена од страна на надлежниот суд.
Трајно неспособен премиеру Ковачевски, имате можност на народот да му ја покажете вашата чесност и да јавниот интерес го ставите над личните слабости.
Барем еднаш бидете одговорен и не дозволувајте вашата трајна неспособност да влијае на одлуките и процесите во државата.
Трајно неспособен и лажлив премиеру, бидејќи потврдивте дека од лекари имате утврдена трајна неспособност, охрабрете се и лично побарајте утврдување на вашата деловна способност и запознајте ја јавноста со резултатот од истата.
Ние како партија ќе ви оставиме краток, но разумен временски рок да истото го направите и за истото да ја запознаете македонската јавност.
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција запрашан дали имаат индиции за други високи функционери од извршната власта за дезертерство како што е случајот со премиерот Ковачки, тој потенцираше дека постојат такви индиции за дезертество.
-Да постојат индиции за други функционери од извршната власта, вклучително и високи министри од владата на СДС и на премиерот Ковачевски. Но, во моментот јас не би шпекулирал со имиња, не би излегувал со конкретни имиња, рече Ковачки.
Ковачки укажа дека најважно е премиерот кој јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност
– Најважно од се во моментов е премиерот кој што јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност, кажа Ковачки.
Прес-конференција на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија