Ковачки: Дали оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена?
„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува.
Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност.
Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот.
Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност.
СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните.
Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени.
Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите.
Заев е човек кој не држи до сопствениот збор.
Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев?
И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување?
Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци?
Доста е со поигрување со волјата на граѓаните.
Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана.
Системот на Заев е поразен. Време е за промени.“ , вели Ковачки на денешната прес-конференција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен