Ковачевски: Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор
Сите работодавачи без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријават во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали станува збор за државна институција или приватен сектор.
-Ова прашање беше поставено исто така и кога го имавме економско социјалниот дијалог. Таму беше присутна министерката за труд и социјална политика која нагласи дека треба да се пријавуваат непочитувања согласно со законските одредби и согласно со колективните договори, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто државата не го почитува законот во однос на скалестото зголемување на платите во однос порастот на минималната.
Минималната плата, според него, е историски исчекор направен со ССМ, бидејќи, како што рече, покрај тоа што платата е зголемена на 18 илјади денари, воведена е и нова методологија која што гарантира одржливост и континуиран расат на минималната плата сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот.
-Со оглед на тоа дека методологијата е променета и сега учество во зголемувањето на минималната плата 50 проценти има порастот на цените, а 50 проценти порастот на просечната плата што имплицира на зголемување на продуктивноста на трудот, а во однос на сите други плати тие се предмет на колективно договарање. Колективното договарање се прави помеѓу социјалните партнери, во случајот гранкови синдикати, репрезентативни синдикат и соодветните институции без разлика дали се тоа државни институции и приватни институции. Ставот е дека и како што и зборувавме при зголемувањето на минималната плата тоа треба да биде пропратено со зголемување на продуктивноста на трудот, а тоа го прифатија и синдикатите, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека имал разговори со претставници на голем број компании и оти тие сите се согласни дека платите секогаш треба да бидат пратени со зголемување на продуктивноста на трудот.
-Кога зборуваме за приватниот сектор тоа важи, меѓутоа тоа е мое лично мислење дека треба да важи и за јавниот сектор, што значи дека кога зборуваме за зголемување на платите, зборуваме за социјален дијалог во кој зборуваме за зголемување на платите, но, исто така и за зголемување на продуктивноста на трудот бидејќи јавниот сектор е платен од даночните обврзници, од сите граѓани и тоа особено од оние коишто работат во приватниот сектор и треба и услугите коишто ги добиваат граѓаните да бидат секогаш од ден во ден, од месец во месец на повисоко нивом нагласи Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод официјалното пуштање во употреба бројот за итни случаи 112.
Ново на Сител
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
