Ковачевски: Загубено драгоцено време во евроинтеграцијата на Северна Македонија, посветени сме на сегешаноста и иднината
Во денешни услови на светски превирања уште повеќе се нагласува темата на интеграција на Западен Балкан во Европа каде што тој природно и припаѓа, а кога станува збор за евроинтеграцсикиот процес на Северна Македонија загубено е драгоцено време.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски кој како главен говорник денеска на Преспа Форумот за дијалог ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. Тој при тоа рече дека нема да зборува за минатото туку за иднината на земјата и регионот.
-Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и за историјата и постојат политичари кои што уживаат да зборуваат за теми од историјата, особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за говорење бидејќи кога им зборувате на граѓаните за историја тогаш ништо и не им ветувате. Најтешко е да зборувате на граѓаните за економија бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината, за се она што ние како земја во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со единствена цел економски развој и подобра стандард за граѓаните, рече Ковачевски.
Тој стави фокус на три главни аспекти за денешната тема и тоа усоласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ и имплементација на стандардите на структурни реформи, регионалната иницијатива Отворен Балкан и нејзините економски бенефити и интеграцијата на регионот во ЕУ и единствениот пазар на Унијата,
-Нашата определба за членство во ЕУ е јасна уште од независностата на државата. Ние сме земја кандидат за членство уште од 2005, а пред 20 години е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), која предвидуваше да се постигне асоцијација за десет години. Иако оваа временска перспектива не се постигна, ССА и денес претставува единствената правна рамка која ги одредува односите меѓу двете страни, и која придонесува за економската и политчка стабилност на земјата за консолидацијата на демократијата и владеењето на правото, рече Ковачевски.
На форумот ќе говорат и премиерката на Србија Ана Брнабич и Мајлинда Брегу ,претседателка на Регионалниот совет за соработка.
Сесијата, пак, насловена „Западен Балкан“ менаџирање во турбулентни времиња, попладнево ќе ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ, а меѓу говорниците ќе бидат специјалните пратеници за Западен Балкан на САД заменик помошникот државен секретар Габриел Ескобар, на Велика Британија Стјуард Пич и на Германија Маниуел Сарацин и на Австрија Јоханес Ајгнер.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
