Ковачевски: Заедно ќе работиме на европската агенда, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите
Ако 2023 година беше година на нови можности, очекувам 2024 да биде година на остварување на европерспективите, година во која сите заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда, на исполнување на нашата втора, долгоочекувана цел по нашето членство во НАТО, а тоа е зачленувањето во ЕУ, порачува премиерот Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните.
Како што наведува Ковачевски, во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања.
-Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно за уште повисоки плати и пензии, продолжуваме со поддршка на учениците, студентите, пензионерите, најранливите, но и бизнис секторот. Нема да дозволиме никој да биде оставен сам да се справува со предизвиците, истакнува премиерот.
Тој во честитката се осврна на постигнувањата во минатата година.
-Годината што измина ќе ја паметиме по многу предизвици кои одговорно и посветено ги претворивме во нови можности. Треба да сме горди што заедно успеавме да постигнеме многу за сите. Ги задржавме работните места и создадовме нови, овозможивме историски раст на платите и пензиите, помогнавме на земјоделците. Со сет антикризни мерки успеавме да го заштитиме животниот стандард и ја одржавме економијата стабилна, посочува Ковачевски.
Премиерот упатува и пораки за заедништво.
-Верувам дека старите предизвици се патоказ за нови успеси. Верувам дека можеме, знаеме и умееме! Верувам дека со позитивен дух и енергија, со напорна работа, нема недостижна цел. Сите можеме повеќе и подобро! Да обезбедиме подобар живот за сите и секаде. Младите да ги задржиме тука во родната земја. Тие се движечката сила на нашето општество!, порача во новогодишната честитка премиерот Ковачевски, посакувајќи им на граѓаните спокојни новогодишни празници и пријатни мигови со најблиските, многу здравје, среќа и успех во новата година.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра