Ковачевски: За мене е најважно никој да не биде оставен сам на себе оваа зима
За мене не е ништо поважно од тоа да ја поминеме оваа зима и да не оставиме никој зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина, Силно и одлучно вчера во Охрид.
Никој не е оставен сам и никој нема да биде оставен сам. Допревме до секое семејство во земјата. Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари а пензиите за една година за 16.00%. Во календарска година тоа е најголемо зголемување досега. Ја субвенционираме цената на струја за сите домаќинства, за 72.000 компании и ранливи семејства со 80% од реалната цена. Обезбедивме топли училници во речиси 500 училишта и соодевт аподдршка за компаниите во време на криза, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека антикризните мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот, дадоа со плод, економијата е спасена а цените почнаа да се намалуваат.
-Антикризните мерки вродија со плод – цените на храната почнаа да се намалуваат. Со мерката за обезбедување поевтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10%., рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вчерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Охрид.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница