Македонија
24. September 2022 - 20:24

Ковачевски во ООН: Нема друга алтернатива за подобар живот од членство во ЕУ, граѓаните предолго чекаа

Нема друга алтерантива за подобар живот од членството во Европската Унија- од говорницата на генералното Собрание на Обединетите нации премеирот Ковачевски потенцираше дека Македонија предолго чека но дека останува посветена на остварување на втората стратешка цел по поплноправното членство во нато алијансата.

- Граѓаните предолго чекаа, целиот кредит оди кај нив, овој процес предолго трае но никој не рече дека ќе биде лесно., вели Ковачевски.

Ковачевски ја осуди руската агресија во Украина и оценив дека во контекст на новите околности, брзата интеграција на макеоднија ќе биде и знак на охрабрување од ЕУ кон останатите држави.

-Членството на Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата Европска Унија, посебно во новите околности на глобален план, кога овој знак на охрабрување - дека процесот на проширување е актуелен го очекува целиот регион, којшто колку и да има прогресивни раководства не е имун на глобалните предизвици, вели Ковачевски

Со овие пораки премиерот Ковачевски ја заокружува посетата на САД и учеството на 77-то генерално собрание на ООН, во рамки на која учествуваше на повеќе самити и оствари средби со европски и светски, а присуствуваше и на приемот кај претседателот на САД, Џо Бајден.