Ковачевски во ОАЕ: Фондовите во Абу Даби покажаа интерес за инвестиции во Северна Македонија
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2022/october/rrrr-358601.jpg?itok=IWnw1eww)
Премиерот Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги претставија можностите за финансирање и инвестиции во повеќе сектори.
Целта е да се зацврстат економските врски меѓу двете земји и да се поттикне значителен интерес за инвестиции во целните сектори, вклучително и обновливите извори на енергија, инфраструктура, туризам,земјоделство, здравство. На состанокот стана збор и за воспоставување на директна линија Скопје - Абу Даби во насока на продлабочување на економската соработка.
Владината делегација ја истакна важноста од инвестиции и во услови на најголемата светска енергетска криза и воени превирања, се со цел да се даде стимул на економијата.
Двете страни констатираа дека постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во земјава со особен фокус на земјоделството и преработката на храна.
Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека минатата година се потпиша договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за взаемна заштита на инвестиции, кој е многу значаен за поттикнување на нови инвестиции од ОАЕ. Владината делегација ги презентираше проектите од различни области кои го привлекоа вниманието на раководството на овој фонд.
На состанокот беше заклучено дека од голема важност е зацврстување на соработката и можноста за инвестирање во различни сектори кои имаат за цел да придонесат за зголемена економска соработка и трговија меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?