Ковачевски: Уставните измени нема да се одложат
Уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа нормално ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој беше во посета на „Везе Шари“ заедно министерот за економија Крешник Бектеши.
-Јас верувам дека нашата држава има капацитет, пред се, демократски, меѓутоа и европски капацитет и визија и оваа одлука за продолжување на нашиот европски пат нема да биде заложник на личната кариера на само еден човек во државата, а којшто е подготвен заради својата лична фотелја да ризикува прекинување на еден процес којшто значи обезбедување на полноправно членство во ЕУ кое со себе носи зголемени инвестии, плати, повисок животен стандард за граѓаните, врвни институции, врвно европско законодавство, тука во нашата држава бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука во својата држава а не во туѓина, рече Ковачевски.
Премиерот не одговори кога ќе биде формирана комисијата која ќе работи на уставни измени. Само повтори дека тимот за подготвка на уставните амандмани ќе биде формиран во Министерството за правда, како и дека во него ќе членуваат врвни експерти од областа уставното право и правото и претставници на политичките партии бидејќи, како што кажа, за овој процес е потребен широк политички и општествен консензус.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
