-->
-->
Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас
-->
Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски.
– Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.
Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос, обезбедена е поддршка онаму каде највеќе треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата