Македонија
20. November 2023 - 16:52

Ковачевски потврди – избори во мај

СДСМ конечно попушти. Иако не прецизираше, премиерот Ковачевски прифати споени избори во еден термин.

Ваквиот став на Ковачевски најавува дека неофицијално, парламентарните избори и вториот круг од претседателските ќе се одржат во еден термин, на 8ми мај.

Опозицијата е задоволна.

Ако изборите се одржат на 8ми мај, техничката Влада мора да биде избрана до 29 јануари што значи дека Премиерот има уште околу 2 месеци од својот мандат, пред да си поднесе оставка.

Џафери веќе најави дека на 27 февруари ќе ги распише претседателските избори. Првиот круг ќе биде на 24 април, а вториот заедно со парламентарните на  8ми мај. Тоа значи дека уште од почетокот на април ќе влеземе во предизборната кампања. Власта веќе почна да ги прави предизборните математики. Заедничкиот настап на СДСМ и ДУИ е речи си договорен, а во владејчакиот табор се надеваат дека таму ќе го привлечат и Таравари кој пак најави самостоен настап на изборите.

Идната година граѓаните по 7ми пат ќе гласаат за нов претседател. Ако се одржат на 8ми мај, парламентарните избори ќе бидат 11ти по ред, први редовни во последните 18 години.