Македонија
27. September 2022 - 16:36

Ковачевски по превирањата во ДУИ: Мнозинството е стабилно

Премиерот не е загрижен дека Владата ќе остане без мнозинство во Собранието. Според него, превирањата во ДУИ се внатрепартиска работа која нема да има влијание врз распоредот на силите во Собранието

Првиот тест за парламентарното мнозинство ќе биде изборот на нов министер за локална самоуправа откако Милевски си поднесе оставка. Таа се уште стои во фиоката на Премиерот кој не му ја доставил на Собранието бидејќи ја чека ЛДП да предложи нов кандидат. Дали за него ќе гласаат и двајцата пратеници на ДУИ веројатно ќе зависи од тоа каков епилог ќе добијат превирањата во ДУИ.
Поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити денеска не беше достапен за коментар за да одговори какви ќе бидат следните чекори на скопското крило на ДУИ особено откако Ахмети застана зад Груби порачувајќи им дека без секого се може.
Неофицинално, огнената група чека директна средба со Ахмети за да го праша, дали и Груби е еден од оние без кои ДУИ ќе може да продолжи понатаму, од што ќе зависи и нивното идно делување.
Турбуленциите во најголемата партија во албанскиот етнички блок, опозициските партии ја гледаат како шанса за политички профит. Откако Таравари вчера испрати порака дека Алијанса е подготвена да разговара за влез во Владата, денеска од партијата велат дека засега остануваат во опозиција.

Заедничка власт со ДУИ за опозициската БЕСА не е опција.