Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија
Премиерот Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија.
-Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот, нагласи премиерот Ковачевски.
Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација во Брисел ја преводи вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ. Од 15 -27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.
Ново на Сител
-
Најголемиот камен од марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование