Ковачевски: Опозицијата собира политички поени и врши притисок врз независните институции
Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека опозицијата две години со измислена афера за него се обидува да собере политички поени, но и да влијае врз незвисното одлучување на судството и обвинителството.
Ковачевски рече дека две години во јавноста, почнувајќи од минатата година кога во предизборието имаше некаква паника кај опозицијата се зборува за некаква афера.
-Слободно можам да кажам дека во изминатиот период, јавните настапи и соопштенијата од опозицијата се со цел добивање политички поени, но и да вршат притисок врз независните институции, односно врз судството и обвинителството. Ние како компанија, односно АД ЕСМ и РЕК Битола на истражните органи им ги дадовме сите документи кои од нас беа побарани и затоа и во оваа прилика апелирам до политичките партии да остават судството и обвинителството независно да работаат и согласно закон да одлучуваат. За епилогот дополнително ќе информираме и ќе потврдиме дека непотребно се зборувало за некаква афера, изјави Ковачевски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа