Ковачевски од Вилнус: Уставните измени во собраниска процедура до крајот на месецот
Македонија и Западен Балкан се уште се значајно стратешко прашање за НАТО. Алијансата поддршката на регионот не ја дава само преку безбедносни механизми туку дава поддршка и на реформите коишто треба да ги направат овие земји. Тоа значи дека НАТО е а иста линија со ЕУ, вели премиерот Ковачевски во завршната прес-конференција на НАТО во Вилнус. Тој исто така кажа дека стратешките партнери од нас очекуваат брзо донесување на уставните измени. Сепак наместо идната недела како што првично најави уставните амандмани ќе влезат во парламентот до крајот на месецов.
Главниот град на Литванија кој е на самата граница со Белорусија беше два дена домаќин на најголемиот историски Самит на НАТО. Имено на овој самит Алијансата ќе се збогати со уште еден нов сојузник. Шведска станува 32 земја членка откако турскиот претседател, Ердоган го крена ветото.
Задоволен од овој настан ќе си оди и украинскиот претседател, Володомир Зеленски иако дојде со барање за покана за членство, ќе замине со посебен пакет кој НАТО го усвои во текот на денешниот ден кој содржи три точки а главна е безбедносната поддршка.
На крајот од самиот Самит и Г7 државите, индустриски најразвиените држави, имајќи предвид дека на Самитот присуствува и Јапонија донесе и посебна Декларација за поддршка на Украина.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар