Македонија
2. December 2023 - 16:33

Ковачевски очекува успешна лидерска средба

Термините за избори ќе се бараат помеѓу крајот на април и почетокот на мај. Премиерот Ковачевски вели дека во понеделник очекува конструктивна лидерска средба во Собранието, на која покрај за изборите ќе се разговара и за измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за европската иднина на државата.

Успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга, смета премиерот Димитар Ковачевски.

Иако со крајот на годината завршува и рокот кој Европската унија и го даде на Македонија за промена на Уставот, а за оваа тема опозицијата веќе воопшто не зборува, Ковачевски и натаму е оптимист дека земјава до 2030-та ќе биде  полноправна членка на унијата.  Укинување на техничката влада премиерот вели дека сега не е време.

Според опоцијата пак и оваа изјава на Ковачевски е доказ повеќе дека со државата всушност управува партијата на Ахмети.

Тоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ и е потврда дека всушност и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС, се вели во реакцијата на опозициската партија.