Ковачевски: Нема датум за лидерската средба, техничката влада останува
Премиерот Ковачевски се уште не открива кога ќе биде свикана лидерската средба во парламентот за конечен датум за заеднички претседателски и парламентанри избори. Тој не сака да потврди и дали 8 мај е прифатлив термин а СДСМ, иако признава дека согласно роковите, таква опција постои. Форматот на средбата, според Ковачевски, ќе биде лидери на парламентанри партии плус собранискиот спикер Џафери како домаќин.
Техничката влада, пред избори останува бидејќи нема политички консензус да биде укината, вели премиерот.
Ковачевски иако изрази пофални зборови за вицепремиерот Битики, сепак, не потврди дали тој е во игра за технички премиер Албанец. Најави дека за изборите СДСМ ќе оди во широка коалиција, но без да прецизира кои партии од владата би биле дел од неа.
Лидерот на опозицијата Мицкоски пак, не отстапува од барањето да се укине пржинската влада особено ако предлогот за технички премиер доаѓа од редовите на ДУИ.
Мицкоски денеска повтори и дел од своите предизборни ветувања кои се однесуваат на скалест намален данок на приход за компаниите што ќе остварат милионски профити.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар