Македонија
13. March 2023 - 16:32

Ковачевски не гледа ништо спорно во средбата на Заев и Гаши

Средбата Заев-Гаши во Струмица, според премиерот е средба помеѓу двајца пријатели. Ковачевски не гледа ништо спорно во тоа што неговиот претходник одржува контакти со лидерот на довчерашниот владин пратнер.

Дека средбата е пријателска во саботата преку Фејсбук потврди и Гаши, кој напиша дека вистинското прашање е кој и зошто ги следи неговите активности. Одговор до денеска не доби.

За средбата која го привлече вниманието на јавноста со оглед дека коалицијата со Гаши пред една година го спаси мнозинството во Собранието, екс премиерот Заев не даде никаков коментар.

Заев на почетокот на годината на средба во Струмица ги пречека и Ахмети и Груби.