Ковачевски-Мишел: ЕУ останува на ставот за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ без одлагање
Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на добрососедските односи и европската интеграција.
Премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет споделија заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на Европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан, стои во соопштението.
На средбата во Европскиот Совет беше истакната соработката меѓу ЕУ и НАТО за дипломатски одговор и деескалација на кризата во Украина.
Ново на Сител
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат