Ковачевски: Ќе се утврдуваат причините за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека треба да се почекаат фактите од извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница.
– Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред се не сум медицинско лице. Меѓутоа, врз основа на сите факти ќе бидат носени одлуки во иднина, но прво да почекаме да бидат споделени фактите за точно што се има случено во битолската болница, рече Ковачевски денеска беше во фабриката „Везе Шари“.
Премиерот смета дека ние имаме функционален здравствен систем, којшто има голем број вработени и за којшто се обезбедени финансиски средства на ниво од 0,8 милијарди евра во Буџетот за 2023 година.
На забелешките дека нема доволно медицински кадар, Ковачевски рече дека во здравството е потребно да се направи прераспределба на кадрите. Како пример го посочи Скопје, каде според него, некаде има вишок на кадри.
– И на Министерството за здравство и нормално на директорите на клиниките, е да ги распоредат кадрите во рамките на државата таму каде што имаат потреба, бидејќи се добива понекогаш впечаток дека во некои места има недостиг, а во некои места во принцип сакаат најмногу да работат сите работници. На пример, во градот Скопје некаде се јавуваат одредени вишоци на кадри така што треба да се направи добро распоредување на ресурсите и согласно тоа да функционира системот на уште подобро ниво, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ