Ковачевски: Јавноста ќе биде информирана откако ќе ги имаме сите детали за смртта на 6 годишното девојче во битолската болница
Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Врз основа на факти, потенцира тој, треба да се да се утврди што се има случено таму и врз основа на тие факти да се изречат соодветни санкции, таму каде што ќе биде потребно.
- Разговаравме и вчера и утрово со министерот за здравство. Тука е и директорката на ДЗСИ, а веќе е отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола. Директорот на битолската болница веќе е на пат за Скопје каде што ќе има состанок и со министерот и со заменик министерот за здравство, а дополнително информирано е и Јавното обвинителство во однос на овој случај, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.
Министерот за здравство Фатимр Меџити посочи дека постапиле веднаш уште вчера кога ги добиле првите информации за случката во Битола.
- Го чекаме исходот од надлежните служби, од ДЗСИ и инспекторите и веднаш уште во текот на денот ќе бидете известени. Се уште не сме стапиле во контакт со семејството на девојчето. Прво чекаме да видиме што е грешката, истакна Меџити.
Од Јавното обвинителство, пак, денеска информираат дека Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на девојчето.
Вчера девојче на шестгодишна возраст, кое живее во битолското село Кравари, почина за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница - Битола. Како што информираа од Болницата, направена е обдукција на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет дена.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација