Ковачевски и Петков на тет-а-тет средба
Премиерите на Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков претпладнево имаат тет-а-тет средба во Владата, согласно агендата за еднодневната официјална посета на бугарската делегација во државава.
Одделни средби имаат и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.
Програмата за посетата предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Ковачевски и Петков по што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција во 11.45 часот.
Предвидена е и промоција на проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.
Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Бугарија, премиерот Петков ќе има одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На аеродромот во Скопје изутрината владината делегација на Бугарија ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што официјалниот дел на посетата стартуваше со церемонијален пречек со високи државни и воени почести пред Владата.
Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.
Ново на Сител
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
