Ковачевски и Петков бараат итна интеграција на Западен Балкан
Старт на преговорите за Македонија во рамки на сегашното француско претседателство побара премиерот Ковачевски на Делфи форумот во Грција. Во спротивно како што истакна тој, Европа ризикува силен раст на евроспектицизмот во регионот на западен Балкан кој истовремено станува плодна почва за продор на руското влијание. Според него, проширувањето на Европската Унија сега станува прашање од геостратешка важност
Ковачевски вели дека во моментов односите меѓу двете земји бележат напредок и дека очекува позитивната клима да резултира со договор меѓу двете страни
И бугарскиот премиер смета дека Западен Балкан треба час поскоро да стане дел од европската Унија. И самиот сведочеше на како што рече, руското влијание врз нестабилноста на овој регион
Бугарскиот премиeр минатата недела беше мета на неговите коалициони партнери кои предупредија на можна владина криза доколку Бугарија отстапи од рамковната позиција која ја усвои нивното Собрание по што Петков порача дека нема да прави никакви договори со Скопје без претходно да ги усогласи позициите во бугарскиот законодавен дом.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
