Македонија
23. јуни 2022 - 16:42

Ковачевски: Францускиот предлог во оваа форма неприфатлив за Македонија

Францускиот предлог не е прифатлив за Македонија во оваа форма. Премиерот од Брисел порача дека Македонија нема да дозволи истоирските прашања да бидат критериум во преговарачката рамка

Ваквиот развој на настаните остава незанчителни шанси Македонија и Албанија да го фатат јунскиот воз за Европската Унија. Албанскиот премиер денеска рече дека му е жал за Европската Унија а бугарската политика ја нарече еден голем срам. Официјална Софија ја обвини дека работи во корист на руските интереси.

Српскиот Претседател вели дека во Брисел дошол без никакви очекувања и дека на крајот практично и ништо не се случило. Упати порака дека во ваква ситуација, добро треба да се размисли за предлогот на Макрон за формирање на втора лига во Европската Унија.

Конечната одлука за проширувањето Европската Унија треба да ја донесе утре, без некои изгледи за позитивен исход за Македонија.