Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
-Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан. Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник Денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј. Македонскиот народ со особена грижа и верност ги чува заветите оставени како аманет од сесловенските просветители, чие дело е подеднакво вредно и корисно за целокупното човештво. Да продолжиме по нивните стапки и со мудрост да носиме подобри времиња за сите! Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!“, напиша премиерот Ковачевски во честитката до г.г. Стефан, како и до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенството и монаштвото, како и на сите православни верници во нашата земја.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи