-->
-->
Костадиновски:Во Берово досега исплатени над 4,3 милиони евра субвенции за земјоделците
-->
Преку Програмата за рурален развој, 134 млади земјоделци на возраст до 40 години добиле по 10 илјади евра за отпочнување со земјоделско производство, истакна денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, кој беше во посета на Општина Берово.
- Владата за таа мерка обезбедни 1,34 милиони евра. За сите кои се заинтересирани и се млади, а сакаат да се свртат кон земјодлеството, да отпочнат со бизнис, сакам да ги информирам дека и следната година ќе продолжиме со истата мерка. Бројот за младите земјоделци не е лимитиран и согласно со програмата која ќе ја достават, ќе бидат финансирани со 10 илјади евра, додаде Костадиновски.
Заменик-министерот Костадиновски денеска ги запозна беровските земјоделци со проектите на Министерството за поддршка на земјоделството. Според него, само во Берово доделени се преку 1.000 хектари земјоделско земјиште, а за последните 5 години се исплатени над 4,3 милиони евра субвениции на земјоделците.
- Предничат оние земјодлеци кои се занимаваат со сточарство, градинарство, овоштарство. Согласно со Порграмата за рурален развој, Владата има обезбедено за повеќе од 100 корисници, 24 милиони денари за мерката 50 50, за инвестиција за набавка на нова опрема, нови насади или стока, рече Костадиновски.
Преку Програмата за рурален развој во инфраструктура во населените места во Општината се инвестирани 14, 5 милиони денари. Градоначалникот на Берово, Драги Наџински, истакна дека ако не се овие средства преку Министерството, тешко дека ќе можат да се завршат инфарструктурните проекти во населените места во Општината.
Заменик -министерот Костадиновски денеска го посети и селото Смојмирово каде се инвестирани дел од овие средства, како и свињарската фарма „Жито Малеш“ каде успешно се имплементираат средствата добиени преку порграмата ИПАРД за модернизација на производството и постигнување современи стандарди што ги бара ЕУ и квалитетно произвдство на свинско месо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Косово во ЦАС ќе се жали на одлуката на УЕФА за службениот пораз од Романија
-
Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата
-
Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи
-
Ристовски и Мукаетов им посакаа успех на македонските ракометарки на ЕП
-
Форбс: Реал останува највреден фудбалски клуб во светот
-
Во „бмв“ на 31 годишник од Коњари пронајден калашников, пиштол и карабин | ФОТО
-
Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
-
Уапсен 40 годишник во Гази Баба - Во неговиот дом пронајдена дрога | ФОТО