Костадиновски во посета на свињарската фарма на ЗЗ „Единство“
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски денеска беа во работна посета на свињарската фарма од Земјоделската задруга „Единство“ од Челопек со цел запознавање со целиот процес во свињарската фарма од подготвувањето на храната за свињите до одгледувањето на добитокот во шталите.
- Владата во рамките на програмата за рурален развој учествува со подршка за обновување на дел од силосите за сточна храна во оваа фарма така што тие имаат можност за складирање и задоволување на потребите за 10 месеци од годината непрекинато со сточната храна што самите ја произведуваат со мешавина на разни видови сточна храна. Со осовременувањето на капацитетите оваа фарма е и еден од најголемите снабдувачи на пазарот во Македонија со свежо свинско месо и навистина е големо задоволство да се види како наменски се користат средствата од помошта. Според нивните најави ЗЗ „Единство“ има намера и натаму да аплицира за добивање нови средства и проекти за зголемување на производството, конкурентноста и продуктивноста во нивното работење, изјави Костадиновски.
Од раководството на ЗЗ „Единство од Челопек изразија задоволство од соработката со инстутуциите и помошта од нивна страна за осовременување на капацитетите.
- Имаме постојана соработка со институциите и се трудиме да ги запознаваме како со проблемите со кои се соочуваме, така и со нашите успеси и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и следната година се со цел за унапредување на состојбите со свињарството во државата. Задоволни сме и што земјоделието останува таргет на оваа Влада и се надеваме на поуспешни резултати што останува и наша обврска за во иднина, рече Веле Ристовски еден од петтемина сопственици на ЗЗ „Единство“.
Во рамките на денешната посета на Брвеница заменик-министерот Костадиновски оствари средба и со дел од индивидуалните земјоделци од подрачјето. Во рамките на владината подршка за субвенционирање на земјоделското производство досега во општина Брвеница доделени се околу 3 милиони евра субвенции за околу 1.000 земјоделци.
- На средбата со земјоделците сакаме директно да се запознаеме со проблемите што било на индивидуален план било како група ги имаат и да им посочиме можни начини за решавање како и нашите заложби за подобрување на условите за земјоделското производство и растително и сточарско. Ваквите средби што ги имаме низ целата држава ни овозможуваат освен наше запознавање на земјоделците со активностите и подршката од Министерството за нив и да добиеме информации и податоци од оние што директно се занимаваат со растително и сточарско производство како поефикасно да се искористат разните мерки за рурален развој, директна подршка преку субвенциите, модернизацијата на земјоделската механизација и слично, рече Костадиновски.
Тој потенцираше дека покрај директните плаќања во овој регион има и други мерки и инвестиции како во патната инфраструктрура низ селата и нивно меѓусебно поврзување, како што е патниот правец Челопек-Милетино за што се инвестирани околу 400 илјади евра. Во рамките на средствата определени од Владата во висина од околу 35 милиони евра за рурален развој и општина Брвеница има добиено определени проекти за подобрување на условите за живот како изградба на канализација и атмосферска и фекална, одводно и доводни системи за вода, улици, плоштади и други објекти и зафати во овој правец.
Во однос на состојбите со производството на јаболка што е една од карактеристиките на општина Брвеница и можностите за изградба на капацитет за организиран откуп Костадиновски рече дека во разговорите со странските инвеститори ќе се обидат да ги заинтересираат за оваа можност.
- Капацитети за откуп на јаболката има особено во регионот на Преспа каде оваа култура најмногу се одгледува и има најголем број производители. Токму таму фирмата „Епл ленд од Дубаи“ инвестираше околу 6 милиони евра за изградба на ладилник за откуп, сортирање калибрирање и извоз на јаболката надвор од Македонија. На можните странски инвеститори ќе им предложиме во следниот период и ќе ги претставиме можностите и на регионот на Брвеница и пошироко за производството на јаболка со цел и тука да добиеме ваква инвестиција што ќе придонесе во организираниот откуп на јаболката, рече Костадиновски.
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка